F A S H I O N   W I T H   S T Y L E

                       

   Почетна

   За нас

   Колекции

      Женска

      Машка

   Контакт  

 

Модната куќа за производство на високомодни конфекциски производи „Штипко“ ДОО – Штип е основана во 1990 година.

          Почетните чекори во областа на модното облекување – комплетен женски програм на горна облека, оваа фирма ги отпочнува во 1991 година кога основа сопствен производен погон. Амбициозноста и инвентивноста за краток период од своето деловно работење ја сврсти оваа фирма во една од најпознатите модни куќи на Македонскиот пазар и пошироко, наметнувајќи се со производи од висок квалитет и препознатлив стил. За своето успешно делување во областа на модното облекување Штипко има многу признанија и награди во Република Македонија и странство за што посебна заслуга има Јулијана Камчева, дипломиран креатор и раководител на производниот процес. Штипко секоја година успешно организира сопствени модни ревии каде врши презентација на најнови производи и модели кои овозможуваат усмерување и реализација на тековните бизнис планови на претпријатието.

          Карактеристично за оваа фирма е тоа што од самиот почеток на основање целокупниот производен процес се одвива по систем на класично производство и сопствени креации на асортиман. Креациското студио на Штипко не само што врши креирање на сите модели во производниот процес туку и сугерира на своите редовни добавувачи на основните суровини и репроматеријали за избор на квалитет и дезен согласно потребите на тековното работење.

          Во моментот претпријатието брои 190 вработени кои работат во два производни погона, каде се произведува комплет машки моден програм (одела, сакоа, панталони, јакни и кошули) и комплет женски моден програм (комплети, панталони, фустани, кошули, сукни). Призводните погони се опремени со најмодерна текстилна опрема, која придонесува за виокоит квалитет на изработка на производите, а тоа е главна причина пак за големата побарувачка на производите како на домашниот, така и на странските пазари.

          Капацитетот на производните погони на модната куќа Штипко изнесува околу 36.000 конфекциски единици месечно.